(ВИДЕО+ФОТО) Средба на иконите: Мерил Стрип во Vogue

од desk4

За специјалното издание на Vogue, по повод 125-годишнината, Мерил Стрип даде интервју, кое го водеше главниот уредник Ана Винтур.

Разговорот е за улогата на актерката на Кетрин Греам во новиот филм на Стивен Спилберг „The Post“.

Ана Уинтур сама ретко прави интервјуа за списанието, но е долгогодишна пријателка и обожавател на Греам, која е позната како издавач и сопственик на Washington Post и повеќе од дваесет години беше на чело на весникот за време на скандалот Вотергејт.

Ана Винтур дури признава дека Кетрин Греам ја инспирира.

Фотосесијата за изданието е снимено од Ани Лејбовиц, а на неа Мерил Стрип носи облека на Michael Kors и накит на Fred Leighton и Tiffany & Co.

Интересено е тоа што заедно со бројот оди и подготвеното видео интервју кое всушност беше разговор меѓу Ана Винтур и Мерил Стрип, во кој тие коментираат за различни теми.

Во галеријата можете да ги видите фотографиите од фото-сесијата, а подолу и видеото.

 

 

Слични содржини