Српската листа освои најмногу општини на косовските избори

од Milan1

Партијата Српската листа ќе има најголем број градоначалници од сите партии во Косово, откако освои уште едно градоначалничко место во вториот круг од локалните избори односно победи во Клокот.

Во првиот круг од изборите Српска листа освои девет пратенички места, па така оваа партија ќе има 10 градоначалнички мандати, што е резултат што го нема ниту една друга партија на Косово.

На второ место, според првичните резултати објавени од ЦИК, е Демократската партија на Косово со вкупно девет освоени градоначалнички мандати, од кои четири во првиот круг и пет во вториот круг.
Следат Демократскиот сојуз на Косово со седум, Алијансата за иднината на Косово со пет и Движењето Самоопределување кое ќе има градоначалници во четири општини во Косово, пишува порталот „Косово онлајн“.

Слични содржини