Српски аналитичар: Ковачевски не е продолжена рака на Заев

од Nikola Popovski

Ковачевски не е некој што ќе биде продолжена рака на Зоран Заев, бидејќи времето на поранешниот македонски премиер помина. За разлика од црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ, кој ги дозираше своите отстапки за НАТО, Заев даде сѐ наеднаш. Ѓукановиќ купи време со дозирани отстапки и остана на власт, вели Стеван Гајиќ од Белградскиот институт за европски студии во разговор за српски „Спутник“.

-Заев веднаш ги исполни сите свои обврски и задачи и извесно време владееше по инерција, но немаше мотив вештачки да се одржува на власт, ​​објаснува Гајиќ.

Според него, друг показател дека Зоран Заев се повлекува во политичка пензија е дека нема да има суштински промени во власта во С. Македонија.

-Доколку ВМРО-ДПМНЕ ја презеде централната власт, нема ништо суштински да се промени. Тоа веќе не е ВМРО на Груевски и сигурно нема да ја извлече Македонија од НАТО. Заев направи неповратен чекор и кој и да дојде на власт може малку да направи, смета Гајиќ.

Слични содржини