Српскиот математичар Кочовиќ: Крајот на короната на почеток од септември

од Aleksandar Petrovski

Крајот на вториот бран на коронавирус во Србија треба да биде на 9 септември, според професорот Петар Кочовиќ. Според неговиот математички модел, почетокот на вториот бран на коронавирус во Србија беше на 27 мај, а анализите покажуваат дека не треба да очекуваме крај пред септември.

„Мојот петчлен тим математичари и програмери секојдневно ја следи состојбата во сите 216 земји. Ние ја користиме Гаусовата крива (математички модел заснован на работата на славниот германски математичар и физичар Јохан Карл Фридрих Гаус) која се движи на дневно ниво. Методологијата е единствена, а се заснова на повеќе бранови “, изјави Кочовиќ за „Блиц“.

Како што забележува тој, методологијата е целосно домашна, податоците се ажурираат скоро секој ден, резултатите се објавуваат за сите земји со над 50.000 заразени лица.

 

SRBIJA – 20. jul 2020 – Covid-19 – II talas (CECA)"Kovid-19 cuci svud aoko nasi ceka pravi cas…"

Публикувахте от Petar Kocovic в Понеделник, 20 юли 2020 г.

Слични содржини