ССМ најави кривична против министерот Бесими

од Nikola Popovski

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) најавува дека ќе поднесе кривична пријава против министерот Фатмир Бисими, бидејќи како што тврдат, не се придржува кон Законот за плата и надоместоци на плата.

-Откако Министерот за финансии Фатмир Бесими стори кривично дело по член 166 од Кривичниот законик поради тоа што тој свесно не се придржува кон закон за платата и надоместоците на платата и со тоа повредува, одзема или ограничува право што на работникот му припаѓа и не им ги зголеми платите на вработените во МФ иако има законска обврска да го стори тоа, Владата во обид да го спаси усвои предлог Закон за измнување и дополнување на Законот за буџети што за среќа на работниците не е поминат во собраниска процедура, па владеачкото мнозинство сега бара свои полтрони пратеници кои денеска на Законодавно правна комисија треба да сторат кривично дело по членот 166 и да го амнестираат Министерот и неговиот избор да не почитува закон и тие да се заглават и да сторат кривично дело преку тоа што ќе го толкуваат членот 66, став 3 од Законот за буџети по желба на Министерот за финансии Бесими.

Ваква срамна дискриминација кон вработените во најважната владина институција не е видена во спроведување на правото и функционирање на правната држава, па прашуваме дали Владините претставници кои пред само еден месец го фалеа и се фалеа со ваквото добро законско решение кое значи вреднување на вработените, сега ги омаловажуваат и дискриминираат своите вработени, па доколку истите ставот го менуваат од денес до утре за платите на работниците кои им се право утврдено во согласно со Закон, за што друго го менуваат ставот и на кој му е доверена државната каса на располагање и дали тоа значи дека одредени министри се над законите, а одредени пратеници се ништо повеќе од само аминџии на таквите политики на одредени министри, посочуваат од ССМ.

Слични содржини