ССМ: Покачувањето од 9.000 денари на минималната плата од 2017 година ќе остане незначително

од Nikola Popovski

Сојузот на синдикати на Македонија нема да дозволи да биде опозиција, ниту пак коалиционен партнер на власта. Синдикатот може и треба да биде само социјален партнер кој преку социјалниот дијалог ќе настојува креирање на институционална инфраструктура преку која треба активно да се следат и идентификуваат проблемите, порачаа вечерва од Синдикатот.

ССМ објаснува дека министерката Тренчевска на вчерашната дебата со првиот синдикалец Дарко Димовски најавила „многу ЌЕ во однос на покачување на платата и унапредувањата на работничките права, но за реализација на сето тоа рече дека потребно е донесувањето на новата методологија за зголемување на платите, која треба да се воведе до крајот на годината“.

-Тренчевска рече дека Владата гради систем за постојан раст на платите, додека пак претседателот на ССМ Димовски смета дека тоа треба да се случи што поскоро бидејќи, а според него, државата ќе нема на кого да ги покачи платите бидејќи, како што рече, нашите работници веќе градат системи во туѓи држави. Методологијата од Владата се најавува од почетокот на годината и успешно се одолговлекува, а личниот доход не е израмнет со минималнатана плата, додека пак потрошувачката кошничка и инфлацијата драстично се зголемија во последните месеци.

Синдикатот нема да дозволи политиканство, народот е гладен, цените за храна и сметките се високи. Покачувањето од 9.000 денари на минималната плата од 2017 година ќе остане незначително бидејќи вредноста на Синдикалната минимална кошница за декември 2017 година изнесувала 32.316 денари, а денеска е 48.234 денари, стои во соопштението од ССМ.

Слични содржини