Стано: ЕУ ја поздравува забраната за прелетот на Лавров над Црна Гора

од Stefanija Kuzmanovska

Европската унија (ЕУ) ја поздравува практичната примена на рестриктивните мерки на Црна Гора против Русија, што се покажа со забраната за прелет на авионот на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, изјави портпаролот на Европската комисија, Петер Стано.

„Го поздравуваме целосното усогласување на Црна Гора со надворешната и безбедносната политика на ЕУ, вклучително и рестриктивните мерки и нивната практична примена, што се покажа во забраната за прелети на авионот на Лавров“, изјави Стано за Црногорската телевизија.

Според порталот РТЦГ, тој потсетил дека ЕУ и бројни земји применуваат санкции кои им забрануваат на руските авиони да летаат над нивна територија, а исто така спроведуваат „забрани за патување за поттикнувачите на војна и поединци како Лавров“.

Запрашан да ги коментира заканите кон земјите кои го забранија летот на авионот, Стано рече дека не гледа причина да коментира за несоодветните забелешки.

„Не гледаме апсолутно никаква причина да ги коментираме несоодветните закани и забелешки на некој од списокот со санкции на ЕУ, бидејќи тој е еден од најгласните промотори и поддржувачи на нелегалната руска агресија врз Украина и поради неговиот постојан ангажман во активности за дезинформација“, истакна Стано.

Слични содржини