Стартува масовната имунизација: Гужва пред најголемиот вакцинален пункт во Скопје

од Берта Китинска

Откако беше најавен стартот за масовната имунизација против ковид- 19, со 200.000 кинески вакцини кои пристигнаа во петокот во земјава пред вакциналниот пункт во А1 арената Борис Трајковски забележана е огромни гужви.

Поголемиот дел од граѓаните кои се присутните пред арената се жалат на проблеми со закажаниот термин.

Според најавите дневно треба да се вакцинираат помеѓу 10 000 и  15 000 илјади лица.

“Овие вакцини, што се веќе пакувани во шприцеви и спремни за апликација ќе бидат распределни во големите вакцинални пунктови во сите шест градови во држава и во Скопје согласно бројот на пријавени  граѓани според возраста по градови, односно по региони, вакцинацијата  ќе започне во вторник.  Пунктовите се веќе спремни, луѓето се координираа, станува збор за здравствен кадар не само во тие градови, туку и  од околните кои ќе помагаат. Некаде бројката на граѓани што ќе се вакцинира на ден ќе биде помеѓу 10 000 и  15 000 илјади“, најави министерот за здравство.

Еврокомесарот Вархеји денеска е во посета на Скопје по повод пристигнувањето на првите вакцини од ЕУ.Тој попладнево ќе го посети вакциналниот пункт во А1 арената Борис Трајковски .

Вакцинирани повеќе од 76.000 луѓе

Во Македонија досега се вакцинирани 76.937 граѓани, а две дози примиле 15.334 луѓе, соопшти Институтот за јавно здравје.

Вакцинацијата во земјава почна на 17 февруари со вакцините на „Фајзер“, на „Астразенека“, со руската вакцина „спутник В“ и со кинеската вакцина „Синофарм“.

Од 05 април започна масовна вакцинација во салата „Борис Трајковски“, каде што покрај здравствени работници беа вакцинирани и лица од критичната популација.

„Заклучно со 02.05.2021, со ‘фајзер/бионтек’ вакцинирани се вкупно 19.858 (15.933 со прва доза и 3.925 со втора доза), со ‘спутник В’ се вакцинирани 34.177 (22.768 со прва доза и 11.409 со втора доза), со вакцината на ‘Астразенека“ вкупно се вакцинирани 21.949 лица и со ‘Синофамр’ се вакцинирани 953 лица“, соопшти ИЈЗ.

Слични содржини