Стефанов вирусот го добил од друго лице, не одел на работа една недела пред да биде дијагностициран

од Aleksandar Todeski

Семејството на сопственикот на фабриката „Карпош“, Крие Стефанов, ги демантира информациите дека тој се заразил со коронавирусот на зимување во Бугарија. Од таму велат дека тој вирусот го добил од лице од Скопје кое претходно било во странство и е позитивно на коронавирусот.

Стефанов е 10 дена во кратантин, а не одел ниту на работа претходно.

„Локално“ се извинува на Стефанов и семејството за објавата на текстот во кој се пренесени информациите кои ги добивме и кои се објавуваат на Фејсбук, дека тој патувал во Бугарија, а потоа отишол на работа наместо во самоизолација.

Слични содржини