Стефанова: Случајот му нанесе голем удар на СЈО и стави во непријатна положба дел од обвинителите

од Stefanija Kuzmanovska

Дејствијата за кои Катица Јанева денес е на обвинителната клупа му нанесоа сериозна штета на  СЈО, а предизвикаа и сериозна разочараност кај целата правдољубива јавност во државата. Тоа од друга страна им остави простор на осомничени обвинети лица во предмети од СЈО неосновано да ги дискредитираат и јавните обвинители и предметите се со цел да ја намалат и да ја избегнат кривичната одговорност која во тие предмети им се става на товар, изјави сведокот на денешното рочиште за „Рекет“ Лиле Стефанова, по завршување на судењето.

Таа додаде дека во овој случај системот релативно брзо реагирал и изрази надеж дека во иднина сите вакви случаи ќе бидат санкционирани.

„Јас сум убедена дека јавноста имаше доволно време ама и доволно информации за да сфати дека ниту јас како предметен обвинител во истрагата „Империја“, ниту друг истражител, или вработен во СЈО имаме било каква поврзаност со дејтвијата за кои Катица Јанева денес седи во овие обвинителни клупи, истакна Стефанова.

Во врска со навредливите зборови кои Јанева ги упати кон Стефанова за време на судењето, адвокатката на Јанева, Ирена Фрчковска, рече дека не се согласува со испадите на нејзиниот клиент, но истите, како што вели Фрчковска, се последица на револт поради сите работи кои ѝ се случуваат.

 

Слични содржини