Стоилковски: Дали директор на СДСM од Радовиш е трговец со дрога?

од Nikola Popovski

Врските на СДСМ со наркомафијата се многу подлабоки отколку што се обидува СДСМ да избега од одговори, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

„Според полициски билтен на 17 февруари полицијата во Штип го привела 36-годишниот А.Ф., заради дрога и најавува соодветен поднесок. Дали зад иницијалите А.Ф. е Александар Филев директорот од СДС на меѓуопштински центар за социјални работи Радовиш? Дали е тоа Александар Филев од СДС Радовиш, учесник и поддржувач на партиските активности на СДС? Дали и случајот регистриран во полициски билтен е таква активност?“, прашува Стоилковски.

Тој вели дека „СДСМ ја претвори Македонија во мафијашка територија“.

„СДСМ со Оливер Спасовски предолго ја ставаа полицијата во служба на мафијата, а Македонија ја претворија во поле за неказнети мафијашки пресметки“, рече Стоилковски.

Слични содржини