Стоилов: И олеснивме на Барселона да не победи во Скопје

од desk2

Екипата на Вардар загуби во СЦ „Јане Сандански“ од Барселона со 26:30. Избраниците на Гарсија Парондо не беа на своето ниво на денешниот натпревар со оглед на тоа дека правеа многу грешки и и дозволија на Барселона да го контролира натпреварот.

Капитенот на Вардарци, Столе Стоилов, смета дека со своите грешки тој и неговите соиграчи и ја олесниле задачата на Барселона и се надева дека во реваншот ќе се исправат грешките.

„Барселона заслужено славеше. Ние дополнително им ја олеснивме задачата.Беше тешко да се вратиме во вториот дел. Тежок противник, тежок натпревар.Имаме уште една шанса со нив но сега на гостински терен. Барем да се обидеме да ги поправиме грешките од вечерва“, изјави Стоилов.

Слични содржини