Стојков: Средбата со Пендаровски е одложена поради пандемијата

од Nikola Popovski

Средбата на Македонците од Бугарија со претседателот Стево Пендаровски е одложена поради пандемијата на коронавирус и епидемиолошката состојба, потврди Стојко Стојков, копретседател на ОМО „Илинден“- ПИРИН во изјава за „Локално“.

Копретседателот на партијата додаде дека се уште не се знае за кога повторно ќе биде закажана средбата.

Стојков не откри кои ќе бидат барањата на Македонците од Бугарија на средбата со Пендаровски, кратко објаснувајќи дека „ќе биде обелоденето после средбата“.

Во однос на најавената средбата на мандатарот Димитар Ковачевски со новиот бугарски премиер Кирил Петков на 18-ти јануари во Скопје, Стојков не очекува некакви поместувања во однос на спорот со официјална Софија.

-Тешко, за жал. Но да се надеваме, одговори Стојков.

Претходно, од кабинетот на претседателот потврдија дека тој ќе прими претставнции на ОМО Илинден Пирин на средба.

ОМО Илинден Пирин е најбројна македонска организација во Бугарија. Партијата пред судот за човекови права во Стразбур има добиено десетина пресуди против Бугарија но таа одбива да ги спроведе.

Н.П.

Слични содржини