Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг оцени дека сојузниците на Украина мора да се подготват за исцрпувачка војна.

По вчерашниот разговор во Белата куќа со американскиот претседател Џо Бајден, Столтенберг изјави дека сојузниците на Украина мора да бидат подготвени за долготрајна војна бидејќи, како што истакна, војната во Украина станала војна на исцрпување.

Тој повтори дека НАТО не сака да влезе во директна конфронтација со Русија, но посочи дека западната воена алијанса има одговорност да ја поддржи Украина, пренесува „Танјуг“.

Според Столтенберг, повеќето војни, најверојатно и оваа, во некоја фаза ќе завршат на преговарачката маса, но она што се случува на преговарачката маса е многу поврзано со ситуацијата на теренот, на бојното поле.

Слични содржини