Столтенберг загрижен за последиците од турската акција во Сирија

од desk3

Фото: washingtontimes.com

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изрази загриженост за последиците што може да ги предизвика турската воена офанзива во северна Сирија во однос на борбата против терористичката Исламска држава и стабилноста во регионот.

„Загрижен сум за последиците во врска со напредокот што го постигнавме во борбата против нашиот заеднички непријател Исламска држава“, рече Столтенберг, нагласувајќи ја важноста за зачувување на ваквиот напредок.

Велика Британија и другите европски земји ја запреа продажбата на оружје на Анкара, откако започна воена операција во северна Сирија.

Столтенберг таквите постапки ги коментираше како „одраз дека многу сојузници на НАТО се многу критични и ја осудуваат воената операција во северна Сирија“.

Слични содржини