Сторми Даниелс го поздрави обвинението против Трамп

од Stefanija Kuzmanovska

Поранешната порно актерка Сторми Даниелс го поздрави обвинението против поранешниот американски претседател Доналд Трамп и им се заблагодари на своите поддржувачи за поддршката.

„Ви благодариме на сите за поддршката и љубовта!“, напиша Даниелс на Твитер.

Таа наведе дека добива толку многу пораки што нема време да одговори.

Трамп се соочува со повеќе од 30 точки од обвинението за деловна измама во обвинението поднесено од големата порота на Менхетен, пренесоа двајца извори запознаени со случајот.

Тој го отфрли обвинението против него за тајно исплаќање на порно актерката Сторми Вилијамс како „политички прогон и мешање во изборите“ и порача дека е „целосно невин“.

Слични содржини