Вработени во Министерството за национална безбедност на САД изгубиле стотици примероци од службеното оружје, службени значки и сертификати, како и мобилни телефони за периодот од 2012 до 2015 година.4624867

Ова го соопшти ТВ каналот “Фокс њуз”, повикувајќи се на податоци добиени од новинарско  истражување. Повеќе од 1 300 службени значки, 165 огнени оружја и 589 мобилни телефони недостасуваат. Станува збор за предмети кои се или изгубени или биле украдени. Поголем број од нив биле на вработени на бирото за царинска и гранична контрола, но има и неколку изгубени и од вработените на имиграциските и федерални служби кои се под Министерството за безбедност.

Специјалистите се загрижени во какви раце запаѓаат овие оружја, како и телефоните кои содржат службени информации. Опасност кријат и загубените службени сертификати и значки, бидејќи даваат слободен пристап дури и до потенцијални терористи. Од министерството не ги негираат информациите, но велат дека неодамна сличните загуби и кражби се намалени благодарение на напорите кои се прават. Кога станува збор за украдени сертификати, информациите во базите на податоци веднаш се поништуваат. Телефоните се опремени со шифри и кодови за пристап, смируваат од министерството.

Слични содржини