Стоунс останува во Сити: Потпиша договор до 2026 година

од Stefanija Kuzmanovska

Манчестер Сити и англискиот репрезентативец Џон Стоунс потпишаа нов петгодишен договор до летото 2026 година.

Дефанзивецот, кој минатото лето требаше да го напушти тимот од „Етихад“, ги искористи повредите во тимот на Пеп Гвардиола и заедно со Рубен Дијаз, беше одличен тандем и беше важен фактор за освојување на титулата Англија, но исто така стигна до финалето на Лигата на шампионите.

27-годишниот Стоунс пристигна во Сити во 2016 година од Евертон во трансфер вреден 55,6 милиони евра, а во меѓувреме одигра 168 натпревари за тимот на „Граѓаните“, постигна десет гола и запиша две асистенции. За репрезентацијата на Англија одигра 49 натпревари и постигна два гола.

Манчестер Сити се очекува многу брзо да го официјализира продолжувањето на соработката и со својот прв голман, Бразилецот Едерсон.

Слични содржини