Странските фудбалери мора да се вратат во Италија

од Vladimir Zorba

Интер и Јувентус ги повикаа фудбалерите да се вратат во Италија, за да се подготвени да се вратат на тренинзите.

Клубовите во Серија „А“ ќе се вратат на тренинзи на 4 мај, додека сезоната би можела да продолжи на почетокот на јуни, пренесува „Газета“.

Претседателот на Лацио, Клаудио Лотито е првиот што ги покани своите фудбалери да се вратат во Италија, а сега тоа го сториле и Милан и Торино.

Интер ги повика странските фудбалери кои ја напуштија Италија да бидат подготвени за нова изолација.

Кристијан Ериксен и Ешли Јанг веќе се ставени во карантин во Милано, а сите фудбалери кои се враќаат во Италија ќе треба да бидат ставени во карантин за 14 дена.

Фудбалерите ќе се вратат на 13 април, што значи дека од 27 април ќе бидат подготвени да се вратат на своите клупски обврски.

Што се однесува до Јувентус, исто така, сите странски играчи ќе се вратат до крајот на оваа недела.

Слични содржини