Страшно убиство во Србија: Жена го исекла сопругот со моторна пила додека спиел

од Nikola Popovski

Припадниците на Министерството за внатрешни работи во Зрењанин, Србија, ја уапсиле Тереза ​​Периќ (46), која синоќа го исекла сопругот Срѓан Периќ додека спиел во семејна куќа во населбата Зелено Поље на Зрењанин.

Според првите информации, сопругата најпрвин го избодела сопругот во сон, а потоа, како што се сомнева, го исекла со моторна пила.

Соседите, иако се уште не е потврдено, тврдат дека на овој монструозен чин присуствувало едно од трите деца кои осомничената ги има од првиот брак.

Тие изјавиле дека сопругот на осомничената никаде не работел и дека наводно живееле од социјална помош и Црвен крст.

„Ги познавав од видување, бидејќи неодамна се преселив овде. Здраво, здраво и ништо повеќе. Навистина не знам што се случило, некои велат дека било семејно насилство и дека на жената ѝ дошоло преку глава“, изјавила една од сосетките.

Телото на убиениот е однесено во Нови Сад на обдукција, а полицијата доцна синоќа спровела истрага, додека Тереза ​​е уапсена и одредена ѝ е мерка притвор до 48 часа, по што ќе биде изведена пред Вишото јавно обвинителство во Зрењанин.

Конечниот одговор кој бил мотивот за убиството, надлежните ќе го дадат по завршување на истрагата.

Слични содржини