Студентите излегуваат на протест пред МОН

од Nikola Popovski

Студентите излегуваат на улица, револтирани поради како што велат, неефикасното работење на Министерството и доцнењето на стипендиите. Ќе побараат одговори од министерот Јетон Шаќири зашто и покрај ветувањата дека парите ќе ги добијат до 1-ви февруари, нивните сметки и натаму се празни.

„Револтирани и обесправени студенти, време е да ги кренеме своите гласови и обединето да излеземе против неправдите врз нас и против неефикасното работење на Министерството за образование! Универзитетското студентско собрание на УКИМ, ве повикува вам, останатите Универзитетски собранија и сите останати студентски организации, да ни се придружите и достоинствено да излеземе на протест каде ќе ги искажеме горливите маки. Проблемите се многу. Сплотени, ние сме уште повеќе“, се вели во повикот на УСС УКИМ.

Се жалат и дека две години се пробиени сите рокови за почнување на реконструкцијата на студентските домови, кои се со супстандардни услови.

На социјалните мрежи се шири повик и за уште еден протест пред МОН в понеделник, поради истите причини, но во различно време, точно напладне.

Повикот за првиот од 12 часот е на „Студентска револуција“, од каде реагираат исто така реагираат поради неисплаќањето на студентските стипендии.

Протестот на студентите доаѓа по реакциите од студентските организации дека стипендиите за постојните и новите корисници доцнат.

Слични содржини