Судење на поранешниот чешки премиер поради проневера на субвенции од ЕУ

од Stefanija Kuzmanovska

Поранешниот чешки премиер Андреј Бабиш (68) денеска на судењето во Прага негираше дека е вмешан во проневера на субвенции од ЕУ во износ од 2 милиони евра, а британската агенција „Ројтерс“ јавува дека ова обвинение му наштетило на неговата политичка кариера во последните пет години.

Бабиш, како сопственик на хемиска, земјоделска и медиумска империја, е обвинет дека незаконски користел субвенции од ЕУ за изградба на конференциски центар во близина на Прага, пред да ја основа опозициската партија АНО во 2011 година.

Бабиш на судењето рече дека обвиненијата против него се политички и дека тој не е виновен.

Доколку биде прогласен за виновен, Бабиш може да биде осуден на затворска казна, а судењето ќе трае до средината на октомври.

Во Франција Андреј Бабиш беше под истрага за одлив на пари од таа земја во офшор компании, што тој го негираше.

Тој е потенцијален кандидат за претседател на Чешка на изборите следната година и ја предводи најголемата парламентарна партија, иако е опозициска. Беше премиер од 2017 до 2021 година, а министер за финансии од 2014 до 2017 година.

Слични содржини