Судијките Георгиевска и Манев ги потпишаа свечените изјави

од Nikola Popovski

Свечени изјави во Судскиот совет. Судијката Мери Дика Георгиевска стапи на функцијата претседател на скопска Апелација, додека Снежана Манев ќе раководи со судот во Куманово. Тие се заколнаа дека функцијата ќе ја вршат законито, чесно, одговорно и независно.

Претседателот на Судскиот совет, Сашко Георгиев им порача дека се нафаќаат да бидат претседатели на судови во време кога во судството има динамичен период и остри критики, а освен тоа и недостаток на судии поради испразнети места.

Дика Георгиевска и Манев претходно извршуваа функција вршител на должност во овие судови.

Слични содржини