„Супермен“ се спротивставува на правилата – не сака маска и вакцина

од Vladimir Zorba

Центарот на Лејкерс, Двајт Хауард се спротивставува на мерките против ширењето на коронавирусот.

Еден од најсилните играчи во лигата лобираше против продолжување на прекинатата НБА сезона, а во тоа имаше најголема поддршка од Кајри Ирвинг.

Покрај тоа, тие имаат заедничко верување во теории на заговор.

Додека Ирвинг знаеше да каже дека планетата Земја е рамна плоча, Хауард има мислење зошто се инсистирало продолжението на сезоната во НБА.

Центарот на Лејкерс наведува дека кошаркатата е одвраќање од неодамнешните протести во Соединетите Американски држави и акцијата „BLM“.

Покрај тоа, Хауард во Орландо, каде ќе се игра и остатокот од сезоната, не носи заштитна маска, а тој исто така го изјави својот став за вакцинацијата.

Тој посочува дека нема потреба да носи заштитна опрема, бидејќи се тестирани сите играчи во „балонот“, но заборава дека има и персонал во комплексот „Дизниворлд“ на кој му е дозволено да се движат надвор од тие граници.

Покрај тоа, за вакцинацијата зборуваше и играчот кој е запаметен по забивањата со наметка на Супермен.

„Не, не верувам во тоа. Ова е мое мислење. Не верувам во вакцинирање “, рече Хауард.

Сезоната во НБА лигата ќе продолжи на 30 јули, а Лејкерс се еден од фаворитите за титулата.

Слични содржини