Суспендирана постапка против Реал, Барса и Јувентус

од Vladimir Zorba

Европската фудбалска централа (УЕФА) преку официјално соопштение објави дека донела одлука да ја прекине постапката против Реал Мадрид, Барселона и Јувентус, последните три клуба кои не се откажаа од проектот на Суперлигата.

УЕФА ја објави дисциплинската постапка против овие три клуба на 25 мај, а потоа се закани со санкција за споменатите три клуба, додека преостанатите девет клуба од промоторите на Суперлигата ги избегнаа овие обвинувања и поминаа само со финансиски казни.

Минатиот месец, УЕФА објави санкции за девет од 12-те клуба кои се откажаа од проектот Суперлига, а тоа се Арсенал, Милан, Челси, Атлетико, Интер, Ливерпул, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед и Тотенхем.

Тие се согласија да се откажат од 5% од приходите од натпреварувањата на УЕФА следната сезона и заеднички да донираат 15.000.000 евра помош за локалниот развој на фудбалот и младите екипи во Европа.

Англиските клубови постигнаа договор со Премиер лигата и ќе платат вкупно 25.000.000 евра.

Реал Мадрид, Барселона и Јувентус останаа во Суперлигата, УЕФА тргна по нив, но сега, до ново известување, тие се откажаа од постапката.

Слични содржини