СУВА УСТА, ГЛАВОБОЛКА, ВИСОК ПРИТИСОК, ТРЧАЊЕ ВО ТОАЛЕТ… Претераното внесување на ОВАА ХРАНА може да ви направи проблем

од Vladimir Zorba

Веројатно сите веќе знаеме дека има премногу сол во преработените производи што ги купуваме, а таа вешто се крие под разни имиња на декларациите со ситни букви, па затоа тука треба да бидете многу внимателни.

Солта е добра и многу корисна за нашиот организам, но само ако се користи умерено. Иако внимавате да не ја пресолите храната, доколку се појави еден од овие пет јасни сигнали кои телото ги испраќа, крајно време е драстично да го намалите внесот на овој зачин, а да го зголемите внесот на свеж зеленчук, овошје и секако – вода. !

1. Отечени раце

Не сте се здебелиле ниту грам и во тоа сте сто проценти сигурни, но сепак не можете да го тргнете прстенот од прстот. Тоа е затоа што, поради прекумерното внесување сол, телото подолго ја задржува водата, па рацете и стапалата првенствено почнуваат да отекуваат.

2. Сува уста

Жедта е добро познат симптом на прекумерно внесување сол, но вистинската жед всушност доаѓа откако телото веќе испратило многу предупредувачки знаци дека е дехидрирано. Еден од нив секако е сува уста, без доволно плунка, што значи дека итно треба да испиете чаша вода. Ако тоа се случува често, тоа е сигурен знак дека внесувате премалку течности и дека јадете премногу солена храна.

3. Главоболка

Можеби нема да ви падне на памет дека главата ви експлодира поради премногу солена храна, но размислете повторно што сте јаделе претходно. Премногу сол во телото и како тоа има врска со високиот крвен притисок и главоболките, особено кога чувствувате дека главата ќе ви експлодира. И затоа, доколку ве мачи овој тип на главоболка, користете помалку сол!

4. Често одите во тоалет

Пиењето многу вода може да ве натера да одите почесто во тоалет, но и солта. Нема да верувате, но тоа е вистина, бидејќи со поголема количина сол, бубрезите мора да работат прекувремено за да ја исфрлат од телото и затоа постојано ќе имате чувство дека треба да одите во тоалет. Ургентно.

5. Мозокот не ви работи

Поради дехидрацијата која се јавува по конзумирање на голема количина сол, мозокот повеќе не работи правилно. Едноставно – му треба повеќе кислород за да функционира беспрекорно. Луѓето кои земаат премногу сол потешко решаваат загатки, не можат да се сетат на вистинските одговори, па дури и на некои спомени.

Слични содржини