СВР-Штип со апел до учесниците во сообраќајот, за само два дена на патиштата има две жртви

од Stefanija Kuzmanovska

За само два дена од Новата 2023 година на подрачјето на Полициската станица-Штип во сообраќајни несреќи загинаа две лица.

На првиот ден од Новата година загина 21 годишно момче од Скопско, а синоќа 37 годишен маж од Пробиштип во судир меѓу автобус и возило Опел астра, во кој бил сопатник.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова на денешната прес-конференција вели дека возачот на автомобилот е хоспитализиран во Клиничка болница-Штип. Панајотова истакна дека продолжуваат со засилени акциски контроли на патиштата, кои се на подрачјето на СВР-Штип.

„Апелираме до сите учесници во сообраќајот на крајна внимателност и одговорност, максимално да се почитуваат сообраќајните правила и прописи и да ја прилагодат брзината спрема временските прилики (магла) и состојбата на коловозот, бидејќи секое непочитување може да заврши со сериозни и фатални последици“, вели Панајотова.

Посочува дека лани на подрачјето на СВР-Штип загинале 14 лица, а идентичен е бројот на жртви во сообраќајни несреќи во овој регион и во 2021 година.

Слични содржини