СЗО: Досега администрирани околу 780 милиони вакцини во светот

од Stefanija Kuzmanovska

Досега се администрирани околу 780 милиони вакцини во светот, изјави денеска претставникот на Светската здравствена организација (СЗО) во Русија, Мелита Вујновиќ.

„И покрај фактот дека е постигнат значителен напредок во процесот на имунизација во 194 од вкупно 220 земји во светот, постои очигледна диспропорција во дистрибуцијата на вакцините на глобално ниво“, рече Вујновиќ во интервју за ТАСС.

Таа посочи дека повеќе од 87 проценти од употребените вакцини биле администрирани во богатите или побогатите земји, додека само околу 0,2 проценти од вкупниот број испорачани дози биле употребени во сиромашните.

Од почетокот на пандемијата, околу 140,8 милиони луѓе биле заразени во светот, а повеќе од 3 милиони пациенти со ковид ја изгубиле битката со оваа болест.

Во Русија, според податоците на рускиот кризен штаб, потврдени се 4.702.101 случаи на ковид-19 и 105.582 смртни случаи меѓу заразените со коронавирус.

Слични содржини