СЗО СИГУРНА ВО РУСКАТА ВАКЦИНА: Третата фаза на тестирање на „Спутник 5“ ќе биде успешна

од Stefanija Kuzmanovska

Шефот на Европското регионално биро на Светската здравствена организација, Ханс Клуге, им се заблагодари на волонтерите кои учествуваа во тестирањето на руската вакцина против Ковид-19 „Спутник 5“ и изрази уверување дека третата фаза на тестирање ќе биде позитивна, пренесе „Новости.рс“.

„Русија ја започна третата фаза на тестирање на оваа вакцина, кога безбедноста и ефективноста на вакцината се тестира на многу голема група луѓе. Би сакал да им се заблагодарам на сите волонтери кои учествуваат во тестирањето на оваа вакцина во третата фаза“, рече Клуге пред новинарите на крајот од состанокот со раководството на Службата за фотосанитарниот надзор „ Роспотребнадзор“.

Тој додаде дека постои договор меѓу СЗО и Министерството за здравство на Русија, според кој организацијата внимателно ќе ги проучува истражувањата на третата фаза, кога тие ќе бидат добиени.

„Меѓутоа, јас сум апсолутно сигурен дека овие резултати ќе бидат позитивни, бидејќи соработувам со Русија многу години и знам дека Русија има многу богата историја во изработка на вакцини, нивно производство и имунизација“, заклучи Клуге.

 

 

Слични содржини