СЗО: Во Газа функционираат само една третина од примарните здравствени установи

од Stefanija Kuzmanovska

Само една третина од примарните здравствени установи функционираат во Појасот Газа, соопшти денеска огранокот на Светската здравствена организација во таа област.

Се додава дека дури 66 отсто од болниците кои останале отворени ги намалиле капацитетите.

„Кризата во Газа има разорно влијание врз пристапот до здравствена заштита за пациентите со долгорочни потреби. Пациентите со рак, дијабетес, срцеви заболувања и проблеми со менталното здравје се соочуваат со недостиг на лекови и се исклучени од здравствените услуги“, се вели во објавата на СЗО на социјалната мрежа X.

Светската здравствена организација повика на континуирано пристап до хуманитарна помош во Газа, како и евакуација на болните и тешко повредените.

Слични содржини