СЗО: Зголемување на бројот на заразени во светот

од Vladimir Zorba

Во последните 24 часа во светот се регистрирани околу 214.000 нови случаи на Ковид-19, така што вкупниот број на пациенти денес е 20,16 милиони, соопштија од Светската здравствена организација.

ТАСС јави дека 737.417 луѓе во светот починале од коронавирусот досега, 4.835 само во последните 24 часа.

Најголем број потврдени случаи се уште се во Северна и Јужна Америка, 10.799.062, од кои 101.230 се новозаразени во последното деноноќие.

Досега во Европа се потврдени 3.641.603 заразени и 217.716 мртви, а 2.757.822 заразени и 55.564 мртви во Југоисточна Азија.

САД сè уште водат според бројот на потврдени случаи на Ковид-19 – 5.039.709, по што следи Бразил со 3.057.470 заразени, Индија со 2.329.638, Русија со 902.701, Јужна Африка со 566.109, Мексико со 485.836, Перу со 483.133, Колумбија 397.623, Чиле со 376.616 и Иран со 331.129 пациенти.

Слични содржини