Актуелно
Почетна / Македонија / Таблет компјутери за учениците на ЕВН паралелките во Скопје и Гостивар

Таблет компјутери за учениците на ЕВН паралелките во Скопје и Гостивар

ЕВН Македонија обезбеди таблет компјутери за учениците од специјализираните ЕВН паралелки за едукација и обука на електро монтери во Скопје и Гостивар, а со поддршка на Швајцарскиот проект Образование за вработување Е4Е@мк. овозможи пристап до онлајн платформата за учење „Канвас“.

Првите таблет компјутери денеска им беа врачени на учениците во СЕТУ „Михајло Пупин“ – Скопје, а како што најави претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија Штефан Петер, за неколку недели ќе им бидат доделени и на учениците од Гостивар.

-Уште во 2017 година заедно со една општествено одговорна компанија како што е ЕВН Македонија тука започнавме да го имплементираме концептот на дуално образование, еден од најголемите реформски процеси кои се одвиваат во националниот образовен систем. Овој концепт и тип на образование се проширува и во другите градови со единствена цел нашите ученици, нашите деца и нашата индина да стекнува вештини кои се компатибилни и потребни на пазарот на трудот, рече министерот за образование и наука Арбер Адеми кој присуствуваше на доделувањето на таблет компјутерите за учениците од паралелката на ЕВН во „Михајло Пупин“.

Тој посочи дека во текот на минатата година беше промовирано воспоставувањето на е-платформата, а денеска се споделуваат и ИТ уреди кои ќе им бидат од корист на учениците. Нагласи дека се заитересирани за партенрство со бизнис секторот и за продлабочување на соработката за дуалното образование.

Петер посочи дека времето оди брзо и за само неколку месеци првиот клас од паралелката 20-20-20 ќе биде дел од ЕВН Македонија.

-Во меѓувреме го надградивме нашиот образовен процес со тоа што покрај теорија применуваме и практично знаење. Во 21. век учењето од испринтани книги повеќе не претставува некаков голем предизвик, туку дигиталното образование зема замав. Затоа од оваа година почнавме да ја применуваме и дигиталната платформа „Канвас“ која е донирана од Швјацарската Конфедерација. Знаеме дека и најдобриот софтвер не е ништо без хардверот и затоа ЕВН реши да им донира 100-тина таблет компјутери на учениците од училиштето „Михајло Пупин“ а за неколку недели тоа ќе го направи и во Средното техничко училиште во Гостивар, рече Петер.

Со тоа, како што кажа, наместо учениците да носат книги тешки неколку килограми ќе носат таблет компјутер тежок 300 грама.
Учениците од специјалната паралелка на ЕВН Македонија во СЕТУ „Михајло Пупин“ – Скопје на специјалниот полигон за практична настава денеска спроведоа вежби за качување на бандери со помош на инструктор од ЕВН.

-Ги гледав младите ученици како се качуваат на бандерите и ми изгледаше многу тешко. Им честитам на ЕВН за овој практичен тренинг што им го овозможуваат на учениците и кој навистина им е потребен, рече швајцарската амбасадорка Сибил Сутер Техада.
Директорот на средното училиште „Михајло Пупин“ Димитар Ѓоргиев посочи дека со доделувањето таблет компјутери за учениците започнува нешто ново во државата и додаде дека се надева оти и останатите училишта ќе го следат нивниот пример. Според него, токму тоа е вистинскиот пат за да се создадат млади професионалци за компаниите.

На крајот на оваа учебна година 20-тина ученици од СЕТУ „Михајло Пупин“ – Скопје од спцијалната паралелка на ЕВН ќе го завршат своето образоване и целосно обучени за работа на терен веднаш ќе бидат вработени во ЕВН Македонија каде ќе имаат почетна плата од 20.000 денари.

loading...