Тајните на тренинзите на Роналдо што треба да ги украдете

од Vladimir Zorba

Фудбалската мегаѕвезда и крал на Инстаграм, Кристијано Роналдо неодамна доминира во сите наслови, но не од вообичаената причина. На прес-конференцијата во пресрет на мечот Португалија-Унгарија, тој видливо ги тргна шишињата Кока-Кола од масата пред него, кои спонзорите ги имаа поставено таму како рекламен маркетинг.

„Пијте вода“, рече тој во тоа време, докажувајќи дека тој е еден од спортистите кој е најголем поборник за здрав живот. Роналдо е опседнат со фитнесот. Тој има многу строг режим на вежбање и диета.

Иако неговата рутина е наменета само за оние кои се во најдобра состојба, има многу работи што можете сами да ги копирате и да се обидете да вежбате. Покрај тоа што можете да пиете вода наместо газирани пијалоци, еве уште неколку тајни на Роналдо што можете да ги украдете:

1. Не престанувајте да вежбате кога ќе ја напуштите салата

„Вежбај кога и каде можеш“, советуваше Роналдо во 2015 година.

„Можете да правите стомачни кога ќе се разбудите наутро во спалната соба или пред да одите во кревет. Ако ви влезе во рутина, тоа ќе ви стане навика“, објасни тој.

2. Секогаш работете од сè малку

„Препорачувам комбинирање на кардио и вежби со тежина за да се осигурам дека тренингот е насочен кон сите делови на телото и ја зголемува силата и издржливоста. И тоа го прави тренингот интересен“, рече Роналдо.

3. Дремнете во текот на денот и одете во кревет рано

Роналдо многу внимава на тоа колку и кога спие. Неговата опсесија оди дотаму што за неговиот сон се грижи Ник Литлхалес, кој открива дека фудбалерот знае да заспие пет пати во текот на денот.

Покрај тоа, Роналдо ги исклучува сите уреди час и половина пред спиење, вклучувајќи го и телевизорот.

4. Тренинг со пријателите

„Тренинг во парови е секогаш добра идеја затоа што додава натпреварувачки дух и ве тера да работите понапорно. Пронајдете некој што е во слична форма со вас и така ќе се туркате еден со друг“, предлага Роналдо.

5. Секогаш загревајте се

Загревањето спречува повреди, а врвен фудбалер добро го знае ова.

„На секој тренинг, прво трчаме неколку круга, потоа правиме вежби за истегнување и кардио-загревања. Бидете сигурни да направите нешто слично“, вели тој.

6. Додадете спринтови и интезивирајте го тренингот

„Високиот интензитет е важен за пумпање крв и зголемување на издржливоста. Ние честопати трчаме на тренинг, а вие можете да го направите тоа, без разлика дали тренирате во теретана или на отворено“.

7. Оладете се со пливање

Фудбалерот исто така има режим после вежбање. Додека другите играчи сакаат да седат пред ТВ, Роналдо веднаш оди на базен каде плива за да го разлади телото.

8. Не бидете строги кон себе

И, конечно, Роналдо ги советува сите да се опуштат.

„Вежбањето е важно, но релаксацијата ви помага да бидете најдобрата верзија за себе – физички и психички. Сакам да го поминувам слободното време со семејството и пријателите“, заклучи тој.

Слични содржини