Таксист пренесувал мигранти на автопатот Скопје-Гевгелија

од Nikola Popovski

МВР соопштува дека таксист бил фатен како пренесува мигранти, синоќа кај наплатната рампа Сопот, на автопат Скопје-Гевгелија.

Споре информациите на полицијата, било запреле возилото „форд фокус“, управувано од таксистот И.Т.(42) од Скопје, а во кое се превезувале тројца Кубанци.

-По насоки од Јавен обвинител, мигрантите биле сместени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“-Гевгелија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.

Слични содржини