Талибанците ја организираа првата јавна егзекуција во Авганистан откако ја презедоа власта

од Stefanija Kuzmanovska

Талибанските власти денеска егзекутираа Авганистанец осуден за убиство, што е прва јавна егзекуција откако талибанците ја презедоа власта минатата година, изјави нивниот портпарол.

Егзекуцијата беше извршена во западната провинција Фарах пред неколку стотици луѓе и пред бројни талибански претставници, изјави Забинула Муџахид, портпарол на бунтовничката талибанска влада, пренесе АП.

Тој рече дека одлуката за извршување на смртната казна била донесена „многу внимателно“, откако била одобрена од трите главни судови во Авганистан и врховниот водач на талибанците, Хаибатула Ахунџада.

Слични содржини