Талибанците одбележуваат една година од влегувањето во Кабул

од Stefanija Kuzmanovska

Талибанските борци денеска прославија една година откако почнаа да ја преземаат власта во Авганистан со влегување во Кабул, откако ја соборија легално избраната влада во земјата.

Борците испукаa празнични истрели во воздух во Кабул и вееја црно-бело знаме, по повод една година од нивниот марш во главниот град, пренесе „Ројтерс“.

„Овој ден е ден на победата на вистината над лагата и ден на спасението и слободата на авганистанската нација“, изјави портпаролот на талибанците Забихула Муџахид.

Слични содржини