Талибанците: Во Авганистан нема екстремисти

од Nikola Popovski

Талибанците соопштија дека нема докази за присуство на милитантите на Исламска држава или Ал Каеда во Авганистан, иако пред неколку дена ИД презеде одговорност за нападите.

По соборувањето на прозападната влада во Кабул минатиот месец, Талибанците се под меѓународен притисок да ги прекинат врските со Ал Каеда, екстремистичката сунитска група одговорна за нападите врз САД на 11 септември 2001 година.

Во исто време, тие се соочуваат со серија напади од огранокот на ИД со кои се во конфликт за идеолошки и економски прашања.

-Не гледаме дека некој во Авганистан има врска со Ал Каеда. Нема да има закана од Авганистан за ниедна земја, ние сме решени да го сториме тоа, изјави портпаролот на Талибанците, Забихула Муџахид.

„Ќе ги запреме кукавичките напади“

Што се однесува до ИД, Муџахид негира дека групата има значајно присуство во Авганистан, иако признава дека огранок на Исламската држава, позната како Исламска држава Хорасан (ИСИС-К), „невидливо изведува кукавички напади“.

-ИД која постои во Ирак и Сирија не постои овде. Но, некои луѓе, можеби нашите Авганистанци, го прифатија својотт менталитет и тоа е феномен што луѓето не го поддржуваат, рече Муџахид.

„Безбедносните сили на Исламскиот емират се подготвени и ќе ги спречат“, рече тој.

ИСИС-К се појави во источен Авганистан во 2014 година, а подоцна се прошири и во некои други делови на земјата, особено на северот. Тие ја презедоа одговорноста за нападот во Џалалабад и бомбардирањето на аеродромот во Кабул во август, кога загинаа 13 американски војници и голем број авганистански цивили.

Слични содржини