Тажна глетка во Австралија, чад и угинати животни на улиците (ВИДЕО)

од Aleksandar Todeski

Во мрачното видео објавено на Твитер, маж вози во опожарениот град Батлоу, во австралиската држава Нов Јужен Велс. Двете страни од патот се прекриени со пепел и многу чад. Глетката ја прават уште поужасна и јагленисаните остатоци од животните кои загинале во пожарите што дивееја низ регионот, пренесува Си-Ен-Ен.

Пожарите кои со месеци горат низ Австралија, ги уништија домовите и ги збришаа градовите. Низ Австралија, изгорени се скоро 18 милиони хектари земјиште – голем дел од нив се шуми, национални паркови, домови на саканиот и уникатен животински свет.

Речиси половина милијарда животни се погодени од пожарите само во Нов Јужен Велс, а милиони потенцијално мртви, тврдат еколозите на Универзитетот во Сиднеј. Оваа бројка вклучува птици, влекачи и цицачи. Од бројката се исклучуваат лилјаци, инсекти и жаби – што значи дека вистинскиот број е веројатно многу поголем.

Вкупниот број на животни погодени на целата земја би можел да достигне дури и милијарда, според Кристофер Дикман, екологот на Универзитетот во Сиднеј кој го водел извештајот.

Пожарите не се ништо ново во Австралија, но тие се зголемуваат и стануваат по деструктивни во последните години, проблем што се влошува со климатските промени. И животните биле на првите линии – Австралија има најголема стапка на загуба на видовите од која било област во светот, а истражувачите стравуваат дека стапката би можела да се зголеми со продолжување на пожарот.

Слични содржини