Тејлор Свифт и нејзиното ново момче повеќе не ја кријат својата љубов

Тејлор Свифт пронајде љубов во американскиот фудбалер Тревис Келце, а сега се забележани како се држат за рака

од Vladimir Zorba

По неколку недели шпекулации дали навистина се во врска, Тејлор Свифт и Тревис Келце решија да го потврдат статусот на пар со гест кој зборува погласно од зборовите.

Имено, најпознатата пејачка на денешницата се прошетала со американски фудбалер пред фотографи, разменувале романтични погледи и се држеле за раце, со што јасно се гледало дека се пар.

Досега главно се дружеа тајно, а дека има повеќе од лежерно дружење, стана јасно кога Свифт неодамна навиваше за Келце на стадион на неколку НФЛ натпревари.

По тој повод ги запознала неговите родители и парот заедно го напуштиле стадионот, а неколку дена подоцна нејзиниот автомобил до утрото останал паркиран пред вилата на Келце.

Интересно, минатата недела пејачката не беше присутна на стадионот во Минеаполис, а можна причина е незадоволството на навивачите што премногу медиумско внимание оди на трибините наместо на теренот на кој се игра натпреварот. Сепак, Келце тоа го демантираше, тврдејќи дека токму таа му носи среќа.

„Се чувствувам како да бев на врвот на светот по Суперболот, а сега сум уште повеќе на врвот на светот“, изјави Келце.

Слични содржини