Тен Хаг може да го одведе Тадиќ во Јунајтед: Откриени нови детали од договорот

од Nikola Popovski

Ерик Тен Хаг, новиот шеф на стручниот штаб на Манчестер Јунајтед вели дека нема клаузула со Ајакс која би му забранила да ги земе играчите од клубот.

Претходните години Тен Хаг бележеше сериозни резултати со „копјаџиите“ кои своевремено стигнаа до прагот од финалето на Лигата на шампионите. Во исто време, тие освоија титули во холандската „Ередивизие“ и сега се блиску до нови.

„Нема потпишан договор кој би ми забранил да носам играчи на Ајакс. Имам многу добри играчи таму, но тоа засега не е прашањето. Мораме да станеме шампиони на Холандија и се треба да биде фокусирано на тоа“, изјави Тен Хаг, кој веќе беше претставен во Манчестер, со што ја завршува мисијата во Ајакс.

Овој факт е интересен бидејќи тогаш, теоретски, ништо не го спречува да го земе Душан Тадиќ, најдобриот играч и капитен на „копјаџиите“, колку и да изгледаше неостварлива таа опција.

Ралф Рангник, привремениот менаџер на Јунајтед изјави дека Тен Хаг мора да избере со кои играчи сака да работи.

„Сигурен сум дека со играчите кои се тука, но и со оние кои треба да стигнат до Јунајтед ќе бидат на вистинскиот пат за тоа што сакаме да го постигнеме“, изјави Рангник.

Слични содржини