Тен Хаг очекува Рашфорд да остане во Јунајтед

од Nikola Popovski

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Ерик Тен Хаг денеска изјави дека очекува напаѓачот Маркус Рашфорд да остане во клубот, откако играчот беше поврзуван со трансфер во Пари Сен Жермен.

-Тој е навистина важен. Уште од првиот ден кога дојдов видовте дека сум задоволен од него, не сакам да го изгубам. Дефинитивно е во нашите планови, рекол Тен Хаг, пренесе „Sky Sports“.

Француските медиуми објавија дека агентите на 24-годишниот играч разговарале со ПСЖ за преселба во тој клуб.

Јунајтед ја започна новата сезона во Премиер лигата со пораз на домашен терен од Брајтон (1:2), а во второто коло в сабота гостува кај Брентфорд.

Слични содржини