Тен Хаг: Со нетрпение очекувам да работам со Роналдо, ја планираме сезоната со него

од Vladimir Zorba

Новиот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, зборуваше со новинарите во Бангкок во пресрет на првиот претсезонски тест на тимот.

Сепак, тоа нема да биде само една контрола, бидејќи „црвените ѓаволи“ се соочуваат со Ливерпул.

Холанѓанецот се осврна и на сите други важни теми поврзани со тимот, а тоа се иднината на Кристијано Роналдо, капитенската лента на Хари Мегваер и очекувањата за привлекување нови играчи.

„Играњето против Ливерпул е секогаш возбудливо. Тоа е голем натпревар и одличен тест за нас. Стандардот на Манчестер Јунајтед е да победи на секој натпревар. Воодушевени сме што можеме да играме во Бангкок пред сите овие навивачи. Роналдо? Зборував со него пред семејните проблеми и имавме навистина добар разговор. Секако дека ги имам прочитано работите што се пишуваат во медиумите, но тој не ми кажа такво нешто. Нашите планови се тој да не е на продажба, со нетрпение очекувам да работам со него и ја планираме сезоната со него.

Хари Мегваер е нашиот капитен, тој е етаблиран во таа улога, имаше успех и не се сомневам во него. Сакаме да ги имаме вистинските играчи. Имаме добар тим, сакаме да го развиеме нашиот стил на игра. Бараме засилувања во средината на теренот, не е тајна, но сакаме да ги добиеме вистинските и ќе го направиме ако добиеме шанса. Де Јонг? Никогаш нема да зборувам за играчи кои немаат договор со Манчестер Јунајтед, играчи од други тимови, па не можам да ви кажам ништо за тоа“, изјави Тен Хаг.

Слични содржини