Терористите на Хамас киднапирале и државјанин на Србија, се огласи неговата очајна мајка (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Во терористичкиот напад на Хамас на северот на Израел бил киднапиран и 22-годишниот млад човек со српско потекло Алон Охел, а неговата мајка Идит Охел, чие семејство е по потекло од Нови Сад, за „Косово онлајн“ изјавила дека нејзиниот син бил киднапиран додека учествувал на музичкиот фестивал.

„Тој е музичар и отиде на мировен музички фестивал, каде што имаше околу 2.500 луѓе. Околу шест часот наутро имаше масовен ракетен напад на областа каде што се одржуваше фестивалот. Тој и неговите пријатели со автомобил заминале до засолниште, каде што се сокрија од ракетите“, го раскажала она што го слушнала од пријателот на нејзиниот син.

Навела дека тој бил во засолништето со 27 луѓе на слична возраст, кои се обиделе да побегнат од ракетниот напад.

Во еден момент во засолништето дошле терористи на Хамас и се обиделе да ги убијат сите, пренесува „Косово онлајн“.

„Мојот син и еден од неговите пријатели се обиделе да фатат гранати со голи раце и да ги исфрлат од засолништето за да ги спасат луѓето. Една експлодирала во засолништето и повредила многу луѓе. По детонацијата влегле терористи и го извадиле син ми. Тој бил жив и бил киднапиран со уште три лица. Ги качиле на камион и се оддалечиле. Сето тоа го видел неговиот најдобар пријател. Тој бил повреден и се преправал дека е мртов со својата девојка, додека терористите пукале во останатите во прифатилиштето. Откако беше донесен во болница, ни кажа дека Алон бил киднапиран и однесен во Појасот Газа“, објасни таа.

Оваа информација ја потврди и израелската армија.

Слични содржини