Тешка сообраќајка во Карпош, тројца повредени

од Берта Китинска

На 31.03.2022 во 00.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Партизански oдреди“, ул.„Лондонска“ и ул.„Московска“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд фиеста“, со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Н.(54) од Скопје и патничко возило „опел корса“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.И.(19) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот В.Н., а со телесни повреди се здобиле сопатникот од возилото „форд фиеста“, Е.Е.(26) од Скопје и возачот М.И., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Слични содржини