Тешко болната Шенон Доерти за ракот: Има денови кога сум депресивна, но туркам

Шенон Доерти се бори со тумор во четвртиот стадиум, со поддршка од своите најблиски. Ѕвездата од серијата Беверли Хилс отворено зборува за тоа како неколку од нејзините приајтели се покрај неа и ја подржуваат да води здрав живот за време на борбата.

„По година дена борба со ракот кој се враќа и други стресови, повторно се враќам на тоа“, напишала 48-годишната актерка.

„Се грижам за себе и секојдневно се охрабрувам. Не е секогаш лесно. Има денови кога сум депресивна или едноставно мрзелива. Но туркам со помош на пријателите“.

Шенон ја спомна својата пријателка Ан Мри Кортрајт и наведе дека таа била неуморна во одлуката да ја однесе на планинарење и да ја научи на нови начини на готвење.

На својот Инстаграм профил ајтерката додала и селфи со Стоукс и Кортрајт, а објавила и фотографии од неколкуте здрави оброци кои Кортрајт ѝ ги препорачала, пренесува People.

Во февруари, Доерти открила дека карциномот на дојката се повратил, откако во 2017 година влегол во ремисија.

Слични содржини