Тешко повреден 19-годишен тракторист по судир со автомобил

од Milan1

Вчера во 16.50 часот во полициска станица Струмица било пријавено дека на регионален пат Струмица-Валандово, поточно во с.Костурино, струмичко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу трактор „имт 539“, без регистарски ознаки, управуван од Г.Ч.(19) од с.Костурино и патничко возило „опел корса“, со велешки регистарски ознаки, управувано од П.А.(67) од с.Јосифово, валандовско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на тракторот, констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото извршила екипа на полициска станица Струмица, информираат од МВР.

Слични содржини