Тестенини со песто од спанаќ и рикота (РЕЦЕПТ)

од Elena Daskalova

Овој рецепт е одличен кога сакате да подготвите нешто вкусно за кратко време. Количината е доволна за две порции.

Состојки:

150 гр тестенини
200 гр спанаќ
50 гр путер
Едно чешне лук
120 гр рикота
Пармезан, мускатно оревче, сол, бибер

Подготовка:

Сварете ја тестенината. Зачувајте една чаша од водата во која се вареше. Ставете го спанаќот во тава со сосема малку вода и издинстајте го. Оставете да се излади, исцедете и исецкајте го ситно или ставете го во блендер. Во изблендираната смеса измешајте ја рикотата. Додадете зачини и стопен путер. Измешајте ја смесата во тестенините и по потреба додавајте лажица од водата во која се вареа, за да не се направат грутки.

Изрендајте мускатно оревче и посипете со пармезанот.

Слични содржини