Тетовец дал капар од 55.000 денари за изработка на кујна, но никогаш не ја добил

од Nikola Popovski

Жител на село Врапчиште дал капар за да му се направи кујна, но останал и без парите и без кујната.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.М.(30) од село Врапчиште, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.

-На 20.12.2022, пријавениот се договорил со лице од Тетово да му направи кујна, по што земал мерки и добил капар од 55.000 денари, но не ја испорачал нарачката, информираат од тетовската полиција.

Слични содржини