Тетовската болница има нов директор

од Nikola Popovski

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити денеска за нов директор на ЈЗУ Клиничка Болница Тетово го именуваше д-р Илир Демири.  Toj на оваа функција доаѓа од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, каде работеше како координатор за Ковид-19 центарот.

-Новиот директор на Клиничката болница Тетово е истакнат професионалец и еден од најпосветените здравствени работници кој се бореше против ковид-19 од самиот почеток на пандемијата. Доктор Демири е добитник на наградата ’Европска личност за 2020 година’. Оваа титула се доделува на лица кои имаат посебен придонес во афирмацијата на хумани вредности, а ја доделува Европското движење и е признание што доаѓа од страна на граѓаните, соопшти Министерството за здравство.

Претходниот директор Плумб Вела поднесе оставка поради лични причини. Тој функцијата ја извршуваше од 28 март, како кадар на партијата Алијанса за Албанците.

Слични содржини