Тијаго Мота ја прифатил понудата на Џенова за тренерската функција

од Vladimir Zorba

Тијаго Мота ја прифатил понудата на Џенова да стане наследник на Аурелио Андреацоли во обид да ја прекине мизерната серија на клубот на македонскиот капитен Горан Пандев.

Мота се сретнал со управата на Џенова во понеделникот попладне, и според „Скај спорт Италија“ веќе е договорено поранешниот италијански репрезентативец да го преземе клубот, а „Тутомеркато“ тврди дека утре Мота официјално ќе биде промовиран во нов тренер на екипата.

Тој ја мина ланската сезона како тренер на У19 екипата на ПСЖ, во меѓувреме го напушти овој клуб, но сега е подготвен за првиот самостоен тренерски предизвик. Тој своевремено како играч настапуваше за Џенова во сезоната 2008/09.

Џенова има шест порази во последните седум меча.

Слични содржини